Делегација на МОК на финални подготовки за Медитеранските игри „Таранто 2026“

 

Објавено:

Во периодот од 27 до 30 март во Таранто, Италија, се одржа Семинар за шефови на мисии посветен на финалните подготовки за Медитеранските игри „Таранто 2026“. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на овој значаен настан беше претставен од делегација во состав: претседателот Даниел Димевски, генералниот секретар Ѓорги Тасев и Петар Спасеновски, кој е раководител на сектор спорт и шеф на делегацијата за претстојните Игри.

На 20 недели пред свеченото отворање на Игрите, кои е предвидено да се одржат од 21 август до 3 септември 2026 година, македонските претставници од прва рака се запознаа со сите организациски и технички аспекти.

Заедно со делегациите на останатите 26 медитерански олимписки комитети, претставниците на МОК учествуваа на детални тематски сесии и билатерални средби. Исто така, тие извршија директна обиколка на клучните спортски борилишта, со што се потврди целосната подготвеност и меѓусебна координација за претстојниот голем спортски собир.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено