Вистинска класа: Алкараз го предводеше аплаузот за противникот

 

Објавено:

Карлос Алкараз можеби е еден од најдобрите тенисери на денешницата, но во исто време е и вистинска класа од човек.

Откако денес во првата рунда на Вимблдон славеше над противникот Фабио Фоњини во трилер меч од пет сета, Алкараз беше прв после натпреварот да му честита на противникот за одличната игра и го предводеше аплаузот кој подоцна се прелеа и на трибините.

Вистински тежок старт за Алкараз, но и одлична борба од страна на Италијанецот кој навистина му приреди вистински маки на младиот тенисер уште на самиот старт на Вимблдон.

“Се чувствував како да играм прв пат. Вимблдон е навистина поинаков”, изјави Алкараз после натпреварот.

Но, она што остави впечаток беше и изјавата на Фоњини, кој изјави дека плачел во соблекувалната после поразот од Карлос Алкараз, бидејќи “не очекувал дека ќе одигра пет сета со него”.

“Што ти се вртеше низ главата кога Карлос покажа накај тебе и го предводеше громогласниот аплауз после натпреварот”, го прашаа новинарите, а тој одговори: “Да бидам искрен, бев многу емотивен во тој момент”.

Одличен меч и од двајцата и одличен потег од Алкараз да ја препознае добрата игра дури и од далеку послабите противници. Секоја чест!

Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: https://x.com/Wimbledon

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено