Сцена која топи срца: 19-годишно момче дебитираше за Реал Сосиедад, па доби пречек од соништата!

 

Објавено:

Фудбалот често знае да биде суров бизнис полн со милиони и преголеми очекувања, но понекогаш ни ги нуди најубавите и најчистите човечки приказни. Токму таква приказна доаѓа од Шпанија, по натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Леванте (2:0) во рамките на 30. коло од Ла Лига.

Главен херој е 19-годишниот Ибаи Агире. Ова младо момче, кое сезоната ја започна во Ц-тимот, а потоа беше прекомандуван во Б-тимот, вчера го оствари својот животен сон. Поради повреди во екипата, тој беше повикан во првиот тим и доби шанса да дебитира за Реал Сосиедад во 85. минута на местото на Бењат Туриентес.

Но, она што се случи по натпреварот стана вистински интернет-хит. Кога младиот Ибаи со својот скромен автомобил се враќаше дома во неговиот роден град Мутрику, го дочека нереална сцена. Цела група негови пријатели, сите облечени во дресови на Реал Сосиедад, го блокираа патот и му приредија шампионски пречек со песна и факли!

Ibai Aguirre (19) made his Real Sociedad debut yesterday . When he went back home , A whole group of friends waited for him
by u/Shroft in soccer


Видеото кое се шири на социјалните мрежи е чиста емоција и покажува што значи вистинско пријателство и локална гордост.

„Ова е вистинската убавина на фудбалот. Замислете да се вратите дома по остварувањето на својот најголем сон и сите ваши пријатели да ве чекаат вака. Ова е врвот на радоста!“ гласи еден од најпопуларните коментари на Редит.

За потсетување, Реал Сосиедад рутински го доби натпреварот со головите на Џон Мартин (30′) и Браис Мендез (83′), со што се искачи на седмата позиција и се доближи до местата кои водат во Европа. Леванте, од друга страна, останува претпоследен на табелата и го чека грчевита борба за опстанок.

Сепак, резултатот падна во втор план благодарение на момците од Мутрику и нивниот пријател кој ги живее своите фудбалски соништа.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено