Денешниот ден на Мастерсот во Монте Карло започна со еден од најневеројатните и најшокантните резултати во поновата тениска историја. Италијанецот Матео Беретини приреди вистинска сензација, прегазувајќи го светскиот број 10, Данил Медведев, со нестварни 6-0, 6-0 за само 49 минути игра.
Она што требаше да биде дерби на денот, се претвори во кошмар за рускиот тенисер, кој за првпат во својата професионална кариера доживеа пораз без ниту еден освоен гем.
Тотално затемнување на Медведев
Медведев влезе во мечот со 19 победи во досегашниот дел од сезоната, но на земјената подлога во кнежевството изгледаше целосно загубено. Русинот не успеа да избори ниту една гем-топка на свој сервис во првиот сет, а неговата фрустрација кулминираше во вториот сет.
Откако грешките се нижеа една по друга (вкупно 30 неизнудени грешки и 5 двојни сервис грешки), Медведев целосно го изгуби трпението. По неколку загубени поени во низа, тој го искрши својот рекет удирајќи го силно од земјата дури четири пати, додека публиката на теренот „Рание Трети“ го испраќаше со мешавина од свирежи и аплаузи за италијанскиот противник.
Medvedev is going completely crazy, this is only the first of many!😭😭😭😭
— TenvyBets (@TenvyBets) April 8, 2026
Clayvedev is back!
Berrettini probably expected a harder match today😅😅 pic.twitter.com/2vXD3ONd6a
Беретини во форма на животот
Од друга страна, Матео Беретини одигра совршен натпревар. Поранешниот финалист на Вимблдон, кој поради повреди падна на 90-тото место на АТП листата, потсети на своите најдобри денови.
„Ова е дефинитивно една од најдобрите партии во мојот живот. Сè функционираше – планот за игра беше перфектен, а моите најсилни оружја беа на врвно ниво. Против играч како Данил никогаш не е лесно, но денес едноставно не промашував“, изјави пресреќниот Беретини по мечот.
Неверојатно звучи податокот дека Беретини е во третото коло на турнирот без ниту еден загубен гем. Во првото коло водеше со 4-0 против Роберто Баутиста Агут пред Шпанецот да го предаде мечот, а денеска ја комплетираше „метлата“ против Медведев.
Што е следно?
Беретини со оваа победа (прва против Медведев по три порази) си го трасираше патот кон осминафиналето, каде ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу бразилската тинејџерска сензација Жоао Фонсека и Французинот Артур Риндеркнеч. По ваква доминација, Италијанецот дефинитивно станува еден од главните „костури во плакарот“ за сите фаворити во Монте Карло.



