Највозбудливиот дел од кошаркарската сезона само што не започна. НБА лигата официјално го објави распоредот за првата рунда од плејофот, каде нè очекуваат епски пресметки на Исток и на Запад. Првите натпревари започнуваат в сабота, на 18 април.
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Филаделфија закажа пресметка со Бостон!
На Истокот, најголемо изненадување се Детроит Пистонс кои влегуваат како број 1 и го чекаат победникот од последната плеј-ин битка меѓу Орландо и Шарлот. Бостон Селтикс ќе се соочат со Филаделфија 76ерс, откако Макси и соиграчите синоќа славеа во баражот. Торонто Репторс ќе имаат тешка задача против Кливленд, додека Њујорк Никс ќе ги одмерат силите со Атланта.
Кливленд Кавалирс (4) – Торонто Репторс (5)
- Натпревар 1: 18 април (во Кливленд)
- Натпревар 2: 20 април (во Кливленд)
- Натпревар 3: 23 април (во Торонто)
- Натпревар 4: 26 април (во Торонто)
Њујорк Никс (3) – Атланта Хокс (6)
- Натпревар 1: 18 април (во Њујорк)
- Натпревар 2: 20 април (во Њујорк)
- Натпревар 3: 23 април (во Атланта)
- Натпревар 4: 25 април (во Атланта)
Бостон Селтикс (2) – Филаделфија 76ерс (7)
- Натпревар 1: 19 април (во Бостон)
- Натпревар 2: 21 април (во Бостон)
- Натпревар 3: 24 април (во Филаделфија)
- Натпревар 4: 26 април (во Филаделфија)

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Лејкерс против „ракетите“, Вемби против Портланд
На Западот, вниманието е насочено кон Леброн Џејмс и Лејкерси кои ќе ги пречекаат моќните Хјустон Рокетс. Виктор Вембањама со неговиот Сан Антонио ќе се обиде да го скрши отпорот на Портланд, додека шампионот Оклахома Сити го чека својот противник од плеј-ин дуелот меѓу Феникс и Голден Стејт.
Л.А. Лејкерс (4) – Хјустон Рокетс (5)
- Натпревар 1: 18 април (во Лос Анџелес)
- Натпревар 2: 21 април (во Лос Анџелес)
- Натпревар 3: 24 април (во Хјустон)
- Натпревар 4: 26 април (во Хјустон)
Денвер Нагетс (3) – Минесота Тимбервулфс (6)
- Натпревар 1: 18 април (во Денвер)
- Натпревар 2: 20 април (во Денвер)
- Натпревар 3: 23 април (во Минесота)
- Натпревар 4: 25 април (во Минесота)
Сан Антонио Спaрс (2) – Портланд Треил Блејзерс (7)
- Натпревар 1: 19 април (во Сан Антонио)
- Натпревар 2: 21 април (во Сан Антонио)
- Натпревар 3: 24 април (во Портланд)
- Натпревар 4: 26 април (во Портланд)



