Кралевите ја елиминираа Старата дама во европскиот дуел

 

Објавено:

Во европскиот дуел на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус, “Кралевите” славеа со 1:0 против “Старата дама”, во натпревар кој не донесе премногу возбудувања.

Можеби веќе се навикнавме да гледаме поживи натпревари на Бразилците или синоќа на Ал Хилал, па овој европски дуел дојде како промена во таа динамика.

Извор: https://x.com/realmadrid

Првото полувреме од натпреварот помина со малку шанси и без поголеми возбудувања од двете страни. Веќе во вториот дел од натпреварот, Реал Мадрид излегоа на теренот со поголема решителност да дојдат до посакуваниот гол, па истиот пристигна преку Гарсија во 54′ минута.

Ова беше третиот гол за младиот Шпанец на Светското клупско првенство, за голема радост на навивачите во неговиот роден град Мадрид.

Со оваа победа Реал обезбедија влез во четвртфиналето, каде ќе се сретнат со победникот од вечерашниот меч меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј.

Погледнете го единствениот гол на натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено