Карлос Алкараз во трка со времето за настап на Ролан Гарос!

 

Објавено:

Само неколку часа по добивањето на престижната награда „Laureus“ за најдобар спортист во светот, Карлос Алкараз се соочува со најголемиот предизвик во својата млада кариера. Бранителот на титулата на Ролан Гарос призна дека претстојните медицински тестови на неговиот повреден десен зглоб ќе бидат „клучни“ за тоа дали воопшто ќе го видиме во Париз оваа година.

Светскиот број два се повлече од турнирот во Барселона минатата недела, а потоа го откажа и учеството на Мастерсот во Мадрид, кој започнува денес. Повредата, која првично не изгледаше загрижувачки, се покажа како многу посериозна.

„Посериозно е отколку што очекувавме“

Алкараз, кој има за цел да освои трета последователна титула на францускиот грен слем, во изјава за шпанската телевизија „TVE“ не го криеше својот песимизам, но и својата претпазливост.

„Се обидуваме да направиме сè што е во наша моќ за овој тест да помине добро. Се трудам да бидам многу трпелив, но повредата е посериозна отколку што било кој од нас очекуваше. Имаме неколку тестови во следните денови и тогаш ќе видиме какви ќе бидат следните чекори“, изјави популарниот Карлитос.

Грен слем турнирот во Париз започнува на 24 мај, што му остава на Алкараз нешто повеќе од еден месец за целосно закрепнување.

Извор: https://www.rolandgarros.com

Синер се одлепува на врвот

Додека Алкараз мирува, неговиот најголем ривал Јаник Синер го искористи моментот и се врати на првото место на АТП листата по триумфот во Монте Карло. Со оглед на тоа што Алкараз минатата сезона доминираше на земјена подлога (титули во Монте Карло, Рим и Париз), неговото отсуство би значело огромна загуба на бодови и уште поголема предност за Италијанецот.

Сепак, 22-годишниот Шпанец е свесен дека ризикот не вреди за долгорочната кариера.

„Подобро е да се вратам малку подоцна, но во одлична форма, отколку дабрзам и да играм повреден. Ако се притиснам премногу за овој Ролан Гарос, тоа би можело сериозно да ми наштети за идните турнири. Морам да закрепнам добро ако не сакам ова да ме следи подоцна“, додаде Алкараз.

Љубителите на тенисот со нетрпение ги очекуваат резултатите од прегледите, надевајќи се дека „кралот на земјата“ ќе биде подготвен за одбрана на својот трон на Филип Шатрие.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено