Историски ден за ТФТ! „Тафта е во мода“, мисија АБА 1 започнува во Широки Бријег!

 

Објавено:

Она што некогаш изгледаше како научна фантастика и убава маалска приказна, денес е реалност. Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ Скопје вечерва (среда, 22 април, 20:30 часот) го игра најважниот натпревар во својата историја, првиот дуел од финалната серија во АБА 2 лигата против ХКК Широки. Влогот не може да биде поголем: шампионот патува директно во елитното јадранско друштво, АБА 1 лигата!

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ABA League 2 (@aba.liga2)


Пат од 7.370 километри до сонот

Патот на „црно-белите“ до ова големо финале беше сè само не лесен. За да стигнат до битката за трофејот, кошаркарите и стручниот штаб поминаа неверојатни 7.370 километри низ целиот Балкан.

Крагуевац, Бања Лука, Пале, Златибор (двапати), Никшиќ и сега повторно Широки Бријег. Момците на Боро Смилковски покажаа карактер, елиминирајќи ги силните Златибор и Сутјеска со „брејк“ на гостински терен.



Смилковски и Ташовски: Подготвени сме за круна на сезоната!

Тренерот Боро Смилковски, архитектот на овој историски успех, најави тешка битка, но и голема самодоверба во своите редови пред вечерашниот дуел во салата „Пецара“.

„Нè очекува исклучително тежок предизвик против противник кој игра модерна и одлична кошарка. Потребна ни е голема концентрација и внимание на деталите, посебно во дефанзивната транзиција. Свесни сме за нашиот моментум на добри игри и резултати, што ја подигнува нашата самодоверба. Сигурен сум дека ќе го дадеме нашиот максимум во обид да дојдеме до позитивен резултат,“ изјави Смилковски.

Неговиот оптимизам го дели и херојот од победата над МЗТ Скопје, репрезентативецот Виктор Ташовски: „Се среќаваме со одлична екипа, Широки има квалитет, но ние сме подготвени. Мотиви не недостасуваат кога се игра финале, ќе дадеме сè од себе да го крунисаме овој наш настап со титула и пласман во АБА 1. Очекувам возбудлива финална серија и нека победи подобриот!“

„Тафта е во мода“ и креативноста на Оливер Митковски

Пред историскиот натпревар, на социјалните мрежи се појави и новата неофицијалната химна на клубот која веќе им влезе во ушите на сите љубители на кошарката:

„Види ни ја силата, Види ја табелата. Скопје е обоено, Со црната и белата! Ооооооо……. Тафта е во мода!“

Извор: КК ТФТ Скопје
Автор: Оливер Митковски

Музичкиот печат зад оваа заразна навивачка химна го става едно добро познато име, Оливер Митковски. Иако пошироката јавност го препознава како еден од најдобрите и најмаркантните македонски актери од својата генерација (со брилијантни улоги на даските на МНТ и бројни филмски остварувања), Митковски има и огромна страст кон диџејството и создавањето електронска музика. Токму таа негова креативна, урбана страна дојде до израз во создавањето на оваа песна, која совршено се вклопува во скопскиот, маалски идентитет што ТФТ го негува од своето основање.

Првиот натпревар од финалето меѓу ХКК Широки и ТФТ Скопје се игра вечерва од 20:30 часот, со директен пренос на МРТ 3. Среќно, Тафта!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено