Сите во Градски парк! ТФТ пушти во продажба билети за историското АБА 2 финале

 

Објавено:

Време е за финале! Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја, вториот натпревар од финалето на АБА 2 лигата против Широки Брег.

По поразот на првиот натпревар во БиХ (88:69), македонскиот претставник мора да одигра перфектен меч пред својата публика за да го оствари сонот наречен пласман во елитната АБА 1 лига. Натпреварот е закажан за 29 април (среда) со почеток во 19:00 часот во Спортската сала “Градски Парк”.

Билетите се веќе во продажба

Поради огромниот интерес за овој историски натпревар, од ТФТ објавија дека картите се веќе пуштени во онлајн продажба преку мрежата на TicketX.

Цените на билетите се движат од 150 до 500 денари, во зависност од трибината:

  • Блок А, Б1, Б2, Д1 (Комерцијална публика): 250 денари
  • Блок Д2 (Стоење): 150 денари
  • Блок Ц1/Ц2 (ВИП Ложа): 500 денари

Клубот упати и специјално известување за распоредот на седење: Сопствениците на сезонски билети и ВИП гостите ќе влегуваат преку влезот кај ресторанот „Маракана“, додека почетокот на трибината А ќе биде резервиран исклучиво за навивачката група „Tafta Crew“.

Момците на Боро Смилковски покажаа дека знаат да играат под притисок, а поддршката од трибините ќе биде клучниот фактор за можен голем пресврт. ТФТ пишува историја, а овие кошаркари заслужуваат полна сала!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено