Подготовките за возбудливото Гранд При во Мајами се во полн ек, но погледите на тимовите и организаторите сè почесто се насочени кон небото. Иако низ падокот почнаа да кружат шпекулации за можно откажување на трката поради ризик од невреме, реалноста е далеку помалку драматична, пренесува „The Race“.
Громови во Мајами: Прекин, а не откажување
Главниот предизвик за неделната трка не е само дождот, туку специфичните локални закони во Флорида кои се однесуваат на опасност од молњи. Според насоките на Националната метеоролошка служба, доколку се слушне грмеж или се види молња, сите активности на отворено мора веднаш да прекинат.
Тоа значи дека доколку невремето ја погоди патеката:
- Трката веднаш ќе биде прекината со црвено знаме.
- Возачите, редарите и навивачите ќе мора да побараат засолниште во затворени објекти.
- Откако опасноста ќе помине, трката ќе продолжи според веќе утврден план.

ФИА е подготвена за сите сценарија
Од ФИА потврдија дека будно ја следат ситуацијата и веќе имаат подготвено „план за итни случаи“ сличен на оној од минатата година. Во моментов, метеоролошките податоци покажуваат среден ризик со околу 50% шанси за дожд и грмежи во недела, при температури од околу 28°C.
Дополнително, ФИА ја има моќта да го промени саатницата на трката доколку прогнозата се влоши, со цел да се избегне најсилниот бран на невремето. Бидејќи трката почнува во 16:00 часот, а зајдисонцето е околу 20:00 часот, постои доволно голем временски простор за трката да се заврши дури и ако има привремен прекин.
Прв вистински тест за 2026 болидите на дожд?
Доколку навистина заврне, ова ќе биде првпат возачите да ги тестираат новите болиди за 2026 година во екстремни влажни услови за време на тркачки викенд. Пјер Гасли од Алпин истакна дека условите во Мајами на дожд можат да бидат исклучително лукави поради планирањето и стапици на мостовите, но смета дека тоа носи и големи можности за успех.



