Мекларен, во соработка со нивниот спонзор, интернет пребарувачот Хром, решија да создадат хромиран изглед за своите болиди во чест на домашната трка во Велика Британија.
Тие во неколку наврати низ историјата го имаат користено хроматскиот дизајн, но овој пат велат дека “ова е наследство, но побрзо”.
Тимот во Формула 1 доминира оваа сезона, а нивните двајца возачи, Британецот Ландо Норис и Австралијанецот Оскар Пијастри водат жестока битка во трката за освојување на својот прв шампионат.
Болидот беше претставен пред огромната домашна публика која дојде во Лондон да го види новиот изглед на болидот и да ги поздрави своите миленици од Формула 1.
Legacy but faster
Introducing our @GoogleChrome livery for the British GP! #McLaren | #GoogleChrome pic.twitter.com/ZDiaO3omhM
— McLaren (@McLarenF1) July 2, 2025



