Кога Орландо Меџик поведе со 3-1 во серијата и имаше предност од 24 поени во второто полувреме од шестиот натпревар, целиот кошаркарски свет веќе го пишуваше нивното име во втората рунда од НБА плеј-офот. Но, она што следуваше ќе се раскажува со години, како еден од најголемите пресврти, но и еден од најголемите колапси во историјата на лигата.
Детроит Пистонс синоќа на домашен терен го прегазија Орландо во решавачкиот натпревар број 7 со убедливи 116-94, станувајќи само 15-тиот тим во историјата на НБА кој успеал да се врати од негатива од 1-3 во победи. Со овој триумф, Пистонс ја обезбедија својата прва победа во плеј-оф серија по долги 18 години (од 2008 година), избегнувајќи го срамот да станат седмиот прворангиран тим кој испаднал од осмиот носител.
3-1 SERIES COMEBACK COMPLETE.
— NBA (@NBA) May 3, 2026
THE PISTONS ARE BACK IN THE EAST SEMIFINALS FOR THE FIRST TIME SINCE 2008 🚨 pic.twitter.com/DtqtXH6yK0
Кејд Каннингем и Тобајас Харис, Архитекти на историскиот пресврт
Апсолутен херој за домашниот тим беше Кејд Каннингем, кој ја заврши серијата со просек од 32,4 поени. Во седмиот натпревар, Каннингем забележа 32 поени и 12 асистенции, потврдувајќи го својот статус на вистински лидер.
Сепак, клучниот фактор X беше Тобајас Харис. Ветеранот за кој многумина се сомневаа, го одигра можеби натпреварот на својот живот. Харис експлодираше со 30 поени и 9 скокови (11/18 од поле, 5/7 за три поени). Неговите 17 поени во втората четвртина го иницираа големото одлепување на Детроит, претворајќи го изедначениот натпревар во еднонасочна улица. Каннингем и Харис станаа првите соиграчи од Пистонс кои постигнале по 30 поени во плеј-оф натпревар уште од 1977 година (Боб Ланиер и Хауард Портер). Свој придонес даде и центарот Џејлен Дурен со доминантен „дабл-дабл“ од 15 поени и 15 скокови.
TOBIAS HARRIS CAUGHT FIRE IN Q2 🔥
— NBA (@NBA) May 3, 2026
17 PTS in the quarter.
19 for the game.
Pistons close out the first half on a 20-6 run and lead by 11 in Game 7! pic.twitter.com/WAOOq4JHyG
CORNER TRIPLE FOR 30 👌
— NBA (@NBA) May 3, 2026
Tobias Harris: 30 PTS, 5-7 3PM, 11-18 FGM pic.twitter.com/46d11XpBCR
Трагедијата на Орландо и соло-партијата на Банкеро
За Орландо Меџик, ова е крај на една сезона која ветуваше многу, а заврши како кошмар. Дежа-ву за навивачите на Меџик. Речиси на истиот датум пред 23 години (во 2003 година), Орландо исто така испушти предност од 3-1 во серијата, и тоа повторно против Детроит Пистонс!
Отсуството на повредениот Франц Вагнер во последните три натпревари се покажа како ненадоместлива загуба. Целиот товар падна врз грбот на младиот Паоло Банкеро, кој одигра херојски натпревар постигнувајќи 38 поени (14/25 од поле). Сепак, тој беше осамен воин на теренот. Десмонд Бејн додаде 16 поени, но остатокот од тимот целосно потфрли пред агресивната одбрана на Детроит. Податокот дека Орландо постигна само 113 поени во последните шест четвртини од серијата (просек од мизерни 18,8 поени по четвртина) најдобро го илустрира нивниот офанзивен колапс.
Ривалството помеѓу Каннингем и Банкеро ветува блескава иднина за НБА лигата, но во оваа битка, Детроит е тимот кој оди понатаму. Пистонс во втората рунда ќе го пречекаат победникот од мајсторката помеѓу Кливленд и Торонто.
All Dawg. pic.twitter.com/lFdQ1OvT7q
— Detroit Pistons (@DetroitPistons) May 3, 2026



