Атмосферата во Милано вечерва е далеку од празнична. Наместо вообичаената поддршка пред дербито со Аталанта, трибините на „Сан Сиро“ станаа сцена на масовен протест. Најверните навивачи на Милан, предводени од групите на „КурваСуд“, испратија директна и остра порака до раководството, а главна мета е извршниот директор Џорџо Фурлани.
Протестот започна уште неколку часа пред почетокот на мечот со долг соопштение во кое навивачите ги обвинуваат водечките луѓе во клубот за низа погрешни одлуки во последните четири години. Пред стадионот беше истакнат огромен транспарент со натпис „Фурлани, оди си“, додека внатре во арената, фановите со помош на светлата од своите телефони ја испишаа пораката: „GF Out“.
«NOI SIAMO IL MILAN»❗
— MilanPress.it (@MilanPress_it) May 10, 2026
🎥 Alberto Mangili per https://t.co/jlTDBgF49e#milan #milanpress pic.twitter.com/Hkt61cRUfq
„Вратете ни го нашиот Милан“
Навивачите не сопираат со паролите, порачувајќи му на раководството дека е време да се започне од нула и дека „Тие се Милан“. Револтот е огромен, а веќе над 20.000 потписи се собрани на онлајн петицијата со која се бара разрешување на Фурлани. Сепак, сопственикот Џери Кардинале засега стои зад него, првенствено поради финансиската стабилност и рекордните приходи од продажба на играчи, иако спортските резултати не се на нивото на реномето на клубот.
𝐆 𝐅 𝐎 𝐔 𝐓 #Furlani #MilanAtalanta #milanpress pic.twitter.com/kbMZ126EhX
— MilanPress.it (@MilanPress_it) May 10, 2026
Овој бунт доаѓа во критичен момент од сезоната. Доколку Милан не успее да ја совлада Аталанта вечерва, тимот ризикува да падне на четвртото место, со сериозна закана да биде достигнат од разиграната Рома. За навивачите, балансирањето на сметките веќе не е доволно – тие бараат амбиција и трофеи, а не само профит.



