2.8 C
Skopje

Новиот Питер Крауч? Вембанјама решава “споредни мисии” и дава евроголови!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога сте високи 224 сантиметри и сте прв пик на НБА-драфтот, светот очекува од вас да доминирате во кошарката. Но, што правите кога тоа ќе ви стане премногу лесно? Ако сте Виктор Вембанјама, очигледно почнувате да решавате “споредни мисии” во други спортови.

Најновата жртва на неговиот талент е фудбалот.

Во видео кое стана вирален хит, францускиот “вонземјанин” изведе слободен удар со техника на која би позавиделе и многу професионални фудбалери. Поставување на ногата, замав, ефе… топката заврши во мрежата, а Вемби прослави како да му е секојдневие.

Иронијата, како што истакнаа фановите на Reddit, е уште поголема кога ќе дознаете дека како дете, Вембанјама всушност бил голман.

Реакциите на интернет се очекувано комични. “Човеку, остави малку талент и за нас, обичните смртници!”, напиша еден корисник, додека друг веќе го замислува во паралелен универзум како центарфор на ПСЖ, опишувајќи го како “Питер Крауч со кроасан”.

Еден од најдобрите коментари совршено ја сумира ситуацијата: “Вемби само си завршува споредни мисии. Го совлада шахот, го совлада кунг-фу, сега и фудбалот. Го чекам во следната сезона на ‘Брза кујна'”.

Погледнете го видеото и проценете сами.

NBA star Victor Wembanyama scores a wild free kick in Tokyo
byu/Stas9t insoccer

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено