Победа за Ѓоковиќ и во втората рунда од Вимблдон!

 

Објавено:

Како што и самиот кажа, српскиот тенисер и на 38 години е дојден да игра за да победува. Па, тоа му успеа и денес на Новак Ѓоковиќ, кој во втората рунда успеа да го совлада противникот Еванс со резултат 3:0 или 6-3, 6-2, 6-0 во сетови.

Ноле без никакви проблеми стигна до третата рунда, на терените каде има освоено дури седум титули.

Интересна беше и изјавата на Ноле после натпреварот: “Кога ќе го оставам рекетот, најверојатно ќе пијам маргарита на плажа со Федерер и Надал и ќе се осврнуваме на нашето ривалство на терените”.

Изгледа дека дури и на 38 години тоа сè уште не му е во план, па ќе го гледаме и во третата рунда од престижниот Вимблдон.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено