Магваер разочаран по одлуката на Тухел да го изостави од Мундијалот, Фоден исто во „отпишаните“

 

Објавено:

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, во петок и официјално ќе го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство во Северна Америка. Сепак, на само еден ден пред официјалната промоција, во британските медиуми експлодираа информации кои предизвикаа вистински земјотрес – ѕвездата на Манчестер Сити, Фил Фоден, и искусниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер, нема да патуваат на Мундијалот!

Оваа радикална одлука на германскиот стратег јасно покажува дека компромиси нема да има, а изборот веќе донесе лавина од емотивни реакции на социјалните мрежи.

Магваер во тотален шок: „Разочаран сум и комплетно скршен“

Хари Магваер (33), кој беше редовен во претходниот мартовски список на Тухел за пријателските мечеви со Јапонија и Уругвај, веднаш се огласи на својот Инстаграм профил, не криејќи го огромното разочарување и изненадување од ваквиот расплет.

„Бев комплетно уверен дека со оглед на сезоната каква што ја имав, можев да одиграм голема улога ова лето за мојата татковина. Оваа одлука ме остави во тотален шок, комплетно сум скршен. Им посакувам сè најдобро на момците на првенството“, напиша емотивниот Магваер.

Искусниот дефанзивец, кој има 67 настапи за Англија, претходно изјави дека ова веројатно ќе биде неговиот последен Мундијал во кариерата и дека сè уште смета дека е еден од најдобрите одбранбени играчи во светот во двата шеснаесетника, но Тухел очигледно не се согласи со тоа.

Заедно со него, пречртан е и Фил Фоден (49 настапи), кој плати скапа цена за својата исклучително променлива и нестабилна форма во Манчестер Сити, каде што сезонава започна како стартер на само 22 натпревари во Премиер лигата.

Извор: https://www.mancity.com

Англија подготовките за Светското првенство ќе ги има преку пријателски мечеви со Нов Зеланд и Коста Рика, а мундијалската мисија ја започнува на 17 јуни против селекцијата на Хрватска, пред преостанатите два дуела во групата против Гана и Панама.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено