Протече списокот на Англија за СП 2026, Мегваер веќе потврди дека е пречкртан!

 

Објавено:

Додека цела Англија со нетрпение го очекува утрешното официјално соопштение на селекторот Томас Тухел за финалниот список од 26 патници за Светското првенство 2026 во Северна Америка, низ британските медиуми вечерва одекнаа информации кои предизвикаа вистински фудбалски земјотрес.

Ако им се верува на „протечените“ списоци од повеќе релевантни извори, германскиот стратег донел неколку исклучително тешки и, за многумина, несфатливи одлуки. Во нашата рубрика „Чаршиски Муабети“ ви ги пренесуваме најголемите шокови кои го тресат англискиот фудбал.

Најзвучните имиња кои отпаѓаат

Најголемото изненадување дефинитивно е изоставувањето на двајца играчи кои важат за едни од најдобрите техничари на Островот, Фил Фоден и Кол Палмер.

Според The Athletic, Фил Фоден плаќа данок на бледата сезона под водство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити (само 7 гола во Премиерлигата и слаба форма во репрезентативните кампови).

Слична судбина го снашла и Кол Палмер од Челси, кој и покрај солидните бројки, очигледно е жртва на пеколната конкуренција на позицијата „10ка“ каде Тухел предност им дава на Џуд Белингем, Морган Роџерс и Еберечи Езе.

Хари Мегваер веќе потврди дека е „пречкртан“

За разлика од шпекулациите за Фоден и Палмер, една вест е 100% потврдена. Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, самиот се огласи вечерва, потврдувајќи дека нема да патува на Мундијалот.

„Бев сигурен дека по сезоната што ја имав, можам да одиграм важна улога за мојата земја ова лето. Шокиран сум и уништен од оваа одлука, но им посакувам сè најдобро на момците,“ изјави Мегваер.

Покрај него, од дефанзивната линија се очекува да отпаднат и Лук Шо, Фикајо Томори, како и младиот Луис Хол од Њукасл. Во одбраната изненадувачки се враќа Џон Стоунс, а свое место веројатно ќе најдат Ден Брн и Тино Ливраменто.

Најконтроверзните изостанувања

Навивачите на социјалните мрежи веќе отворено го критикуваат Тухел поради информациите дека во составот нема да има место за некои од играчите со најдобра форма сезонава:

Морган Гибс-Вајт (Нотингем Форест) кој играше брилијантно изминативе месеци.
Џерод Бовен (Вест Хем) кој има 8 голови и 10 асистенции во Премиерлигата.

Наспроти нив, според информациите, во тимот влегуваат имиња како Џордан Хендерсон, кој се враќа поради своето искуство, и неочекувано, Иван Тони, кој има фантастична сезона во Саудиска Арабија со постигнати 42 голови на 49 натпревари, но нема ниту пет минути настап за репрезентацијата под водство на Тухел.

Останува да видиме колку од овие „чаршиски муабети“ утре претпладне ќе станат сурова реалност кога Томас Тухел официјално ќе застане пред новинарите на „Вембли“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено