Реал Мадрид во пол-позиција за потписот на Бернардо Силва!

 

Објавено:

Само неколку часа по официјалната потврда дека Жозе Мурињо се враќа на клупата на Реал Мадрид, раководството на клубот предводено од Флорентино Перез веќе напредува во преговорите за првото спектакуларно засилување. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва, кој во моментов е слободен агент по завршувањето на неговиот деветгодишен престој во Манчестер Сити. Иако неговото име долго време се поврзуваше со трансфер во Шпанија, доаѓањето на неговиот сонародник Мурињо на „Бернабеу“ се покажа како клучен фактор тој да ги одбие сите други понуди и да ги започне завршните преговори со „кралскиот клуб“.

Барселона и Атлетико кренаа раце од трката

За услугите на 31-годишниот виртуоз во изминатиот период сериозно преговараа и најголемите ривали на Мадрид во Ла Лига, екипите на Барселона и Атлетико Мадрид. Двата клуба имаа подготвено конкретни предлози за искусниот фудбалер кој има 107 настапи за Португалија.

Сепак, откако Реал Мадрид влезе во игра со полна пареа, и Каталонците и „јорганџиите“ донесоа одлука дека нема намера да ги подобруваат своите постоечки понуди. Со ова, Реал изби на чиста пол-позиција и се очекува брзо да ги договори личните услови со фудбалерот, кој во моментов се наоѓа со својата селекција на Светското првенство.

Извор: https://www.mancity.com

Продолжување на успешната политика и желбите на Мурињо

Евентуалниот ангажман на Бернардо Силва без никакво обесштетување би бил само продолжение на исклучително успешната трансфер-политика на Флорентино Перез во последните неколку години. Мадрид на идентичен начин, по истекот на договорите со претходните клубови, успеа да ги донесе Трент Александер-Арнолд, Антонио Ридигер и Давид Алаба, потези кои се покажаа како полн погодок за стабилноста на тимот.

За време на прелиминарните разговори меѓу Перез и Мурињо околу планот за преодниот рок, Португалецот јасно ги дефинирал четирите позиции каде му се потребни итни засилувања за да воведе ред и дисциплина. Мурињо побарал алтернатива на десната бековска позиција, лев бек кој ќе му биде директна конкуренција на Алваро Карерас, еден доминантен стопер и креативен играч за врска кој ќе ја контролира играта по заминувањето на Бернардо Силва од Англија. Токму Силва е идеалниот профил за последното барање на Жозе.

Покрај Португалцеот, клубот веќе активно работи на уште две големи зделки. Реал Мадрид е во напредни преговори со доминантниот дефанзивец Ибрахима Конате, кој исто така е слободен агент по разделбата со Ливерпул, а се прави сериозен притисок и за ангажман на бекот на Интер, Дензел Демфрис.

Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити со статус на апсолутна легенда, каде по трансферот од Монако во 2017 година одигра дури 460 натпревари и освои шест титули во Премиер лигата, три трофеи во ФА Купот и пехарот во Лигата на шампионите. Сега, неговата следна станица е Мадрид, каде заедно со Мурињо ќе има задача да ја врати „кралската“ доминација во Шпанија и Европа.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено