Киеза ги пакува куферите од „Енфилд“: Сакам континуитет, па дури и во хит-сензацијата Комо!

 

Објавено:

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза се наоѓа перед дефинитивно заминување од Ливерпул во претстојниот летен трансфер период. Искусниот 28-годишен офанзивец зад себе има исклучително тешка и фрустрирачка сезона во Англија, каде што забележа само еден единствен старт во Премиер лигата под водство на сега веќе поранешниот менаџер Арне Слот.

Пред почетокот на летните подготовки, Киеза ја отвора душата во интервју за угледниот италијански медиум „Газета дело Спорт“, каде јасно порача дека неговата примарна цел е редовно да игра фудбал, па макар тоа значело и итно напуштање на Островот. Тој најави дека ќе отпатува со тимот на претсезонската турнеја во САД, по што ќе одржи клучни разговори со новиот шеф на стручниот штаб на Ливерпул, Андони Ираола.

„Сакам да играм, и доколку не успеам да пронајдам континуитет во Премиер лигата, тогаш ќе морам да го побарам на друго место. Во сезоната која тукушто заврши, имав речиси никаква минутажа. Ќе заминам со тимот на подготовките во Америка, а потоа ќе разговарам со клубот и со Ираола за да видиме што е најдобро за сите“, изјави отворено Киеза.

Извор: https://www.liverpoolfc.com

Во јануари Слот го спречи поради Исак и Салах

Брзоногото крило открива дека неговата желба за трансфер била актуелна уште во зимскиот преоден рок во јануари, но тогаш клубот и Арне Слот експресно ги затвориле сите понуди поради застрашувачкиот дефицит на играчи во напад со кој се соочуваше Ливерпул.

„Да бидам искрен, немам многу играно од почетокот на 2026 година. Мојот однос со Ливерпул е одличен и професионален. Во јануари, клубот и Слот ми соопштија дека не можам да заминам бидејќи бев потребен. Се работеше чисто за бројки, бевме во сериозна криза. Александер Исак беше повреден, а Мохамед Салах беше отсутен на Африканскиот куп на нации. Ја разбрав ситуацијата, останав и продолжив да работам со насмевка на лицето. Сепак, зборуваме за Ливерпул – тимот кој минатата година ми овозможи да ја освојам Премиер лигата“, потенцира Италијанецот.

Враќањето во татковината е најреална опција за Киеза, кој не крие дека би сакал повторно да го облече дресот на Јувентус, но изненадувачки е отворен и за трансфер во хит-сензацијата Комо, која следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите! Тој додава дека не е вообразен да бара гарантирано место во стартните 11, туку едноставно сака клуб каде рамноправно ќе се бори на теренот.

Го „предаде“ Кертис Џонс во Интер, но Алисон останува во Англија

Покрај сопствената иднина, Киеза подигна огромна прашина на трансфер пазарот откривајќи пикантерии за неговиот соиграч од средниот ред, Кертис Џонс, кој сериозно се поврзува со преселба во Серија А.

„Кертис ме распрашуваше за тоа како изгледа животот во Италија. Му соопштив дека е прекрасно и дека времето е далеку подобро отколку во Ливерпул, иако ’Енфилд’ е посебно место. Џонс е технички вонсериски играч и сметам дека Интер прави одличен потег што сериозно размислува да го ангажира летово“, открива Киеза.

За крај, Италијанецот ги смири навивачите на Ливерпул околу судбината на првиот голман Алисон Бекер, кој е голема трансфер желба на Јувентус за претстојното лето: „Од она што јас го слушам во соблекувалната, Алисон останува во Англија. Зборуваме за еден од топ 5 голмани на планетата, тој е фантастичен лидер, има освоено сè и прави огромна разлика на теренот и во соблекувалната“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено