Улиците на Далас беа сведоци на сцени какви што ретко се гледаат во овој дел од Америка. Стотици фанатични хрватски навивачи направија вистинско навивачко шоу во пресрет на вечерашниот мега-спектакл против Англија, кој ќе се одигра на стадионот во Арлингтон. Улиците во центарот на градот ечеа од традиционалните песни, а локалното население со неверување и воодушевување ја следеше балканската фудбалска страст.
Главниот настан на оваа навивачка мобилизација беше спектакуларното дефиле во кое навивачите развија и носеа огромно хрватско шаховско знаме, кое буквално беше поголемо од цел фудбалски терен! Оваа масивна кореографија помина низ главните сообраќајници, движејќи се од паркот „Сивик Гарден“ сè до плоштадот „Ферис Плаза“. Комплетниот настан беше беспрекорно организиран од страна на Хрватската навивачка амбасада (CFE – Ми Хрвати).
🇭🇷 Croatian fans take over Dallas! 🤯👏 pic.twitter.com/90ole2cnjx
— Ultras Clips (@ultras_clips) June 17, 2026
„Американците викаат ‘одбрана’, а ние навиваме со срце!“
За да бидат дел од овој Мундијал и да и дадат поддршка на својата репрезентација, многумина фанови поминаа илјадници километри низ САД. Еден од навивачите за локалните медиуми вели дека атмосферата на Светското првенство во фудбал едноставно не може да се спореди со ништо друго на светот.
„Ништо не може да се спореди со репрезентативниот фудбал. Буквално ништо. Во американските спортови на трибините постојано слушате само едно исто: ‘Одбрана! Одбрана!’ (Defense). Но, тука е сосем поинаку. Тука се слуша чиста страст. Се слуша срце, се слуша застрашувачки силно навивање и врескање. Ова за нас значи сè на светот“, изјави емотивниот Станиќ за американските медиуми.
Вечерва Хрватска ја очекува пеколно тежок испит против Англичаните предводени од Томас Тухел, но ако исходот на теренот се решаваше според поддршката и енергијата од трибините, „Коцкастите“ веќе имаат сигурни три бода во џебот.
Welcome to Moose Country 🫎🇭🇷@HNS_CFF | #DTID pic.twitter.com/8E0HQvh0zc
— FC Dallas (@FCDallas) June 17, 2026



