(Видео) Анализа: Ни ВАР, ни СРАМ, ни ПЕРДЕ! Пукна првиот голем скандал – ФИФА брутално ја ограби Хрватска!

 

Објавено:

Пукна првиот срам од многуте што секој искрен познаник на фудбалот, спортот и светските случувања воопшто, ги очекуваше. Сите предвесници пред почетокот на Светското првенство укажуваа на вакви случувања, но она што се случи синоќа на стадионот во Торонто ги надмина и најцрните сценарија.

Во натпревар од 1/16-финалето на Мундијалот, Португалија ја победи Хрватска со 2-1, но крајниот резултат е тотално неважен во сенка на најголемата судиска кражба која веројатно ќе го одбележи овој турнир. Фудбалот доживеа тежок пораз, а една нација беше елиминирана не од противникот, туку од луѓето кои требаше да ја делат правдата.

Хероизам, драма и најава за трагедија

Натпреварот изобилуваше со емоции и фудбалска класа. Хрватска одигра херојски и апсолутно го надигра фаворитот во голем дел од мечот. Откако ветеранот Иван Перишиќ во 53. минута ги доведе „коцкестите“ во сосема заслужено водство, Португалија се врати преку Кристијано Роналдо, кој во 68. минута реализираше пенал.

Откако Роналдо беше изваден од игра во 80. минута, потег проследен со негово видливо незадоволство се чинеше дека португалскиот брод тоне. Сепак, Гонсало Рамос во 94. минута (судиско продолжение) постигна гол со глава за предност од 2-1. И кога сите мислеа дека тоа е крајот, вистинскиот хаос и фудбалскиот криминал допрва започнаа.

Срамна „технологија“ и силување на Правило 11

Во неверојатната 103. минута од натпреварот, Јошко Гвардиол се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата за делириум и израмнување на 2-2. Но, тогаш стапи на сцена ВАР собата.

Користејќи некаков апсурден крикет „снико-метар“ (Snicko-meter), судиите со микроскопи бараа влакно во јајцето и измислија дека Игор Матановиќ ја допрел топката со коса пред таа да стигне до Марио Пашалиќ и Гвардиол, поништувајќи го голот поради наводен офсајд.

Секоја видео снимка кристално јасно покажува дека Матановиќ НЕ ја допре топката. Но, дури и да ја допрел, судиите брутално го прекршија основниот фудбалски закон! Според Правило 11 (Офсајд) од законикот на ИФАБ, дури и да имало микро-контакт од напаѓачот, топката веднаш потоа удира во португалски дефанзивец и го менува правецот. Според правилата, кога топката доаѓа по контакт или игра од противнички играч, офсајдот се поништува. ВАР собата свесно, намерно и без перде замижа пред овој круцијален факт.

Срам на лицата на Португалците и дамка за цела држава

Колку беше апсурдна и криминална оваа одлука, најдобро се виде на лицата на самите фудбалери на Португалија. По последниот судиски свиреж, наместо еуфорично славје за пласман понатаму, кај нив можеше да се забележи јасна непријатност. Тие длабоко во себе знаеја дека судијата им го подари пласманот во осминафиналето, и тој срам не можеа да го сокријат од камерите.

Оваа одлука стави огромна црна дамка на ФИФА – организација на која ионака одамна не ѝ е гајле за фер-плејот и за која зборот „срам“ е тотална непознаница. Но, она што е уште потрагично, оваа судиска кражба стави црна дамка и на една горда, праведна држава како Норвешка, чии претставници беа директно инволвирани во делењето на оваа неправда во ВАР собата.

Извор: https://www.football365.com/

Додека Лука Модриќ и хрватските херои во неверување, со солзи во очите го напуштаа теренот свесни за неправдата, светот остана нем пред екраните.

Фудбалот синоќа крвареше во Торонто. Ни ВАР, ни срам, ни перде!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено