ФБИ ја истражува Аргентинската фудбалска асоцијација за перење пари!

 

Објавено:

Агентите на ФБИ и американското Министерство за правда покренаа опсежна истрага против Фудбалската Асоцијација на Аргентина (АФА), предводена од претседателот Клаудио „Чики“ Тапија. Како што ексклузивно пренесува престижниот аргентински медиум La Nacion, под лупа на истражителите се финансиски операции и матни зделки тешки стотици милиони долари.

Сомнителни сметки, фиктивни фирми и фантомски исплати

Според изворите од САД, американските власти се сериозно фокусирани на деловните односи помеѓу АФА и компанијата TourProdEnter LLC, која е во сопственост на аргентинскиот бизнисмен и театрален продуцент Хавиер Фарони. Постојат огромни сомнежи за перење пари и банкарски измами преку американскиот финансиски систем.

Извор: https://www.lanacion.com.ar/ {El empresario Javier Faroni, dueño de la empresa TourProdEnter}

Во истрагата се вклучени трансакции низ пет големи американски банки, преку кои поминале повеќе од неверојатни 260 милиони долари заработени од меѓународните договори на АФА. Скандалот добива на тежина бидејќи голем дел од овие средства наводно биле префрлувани кон сомнителни друштва и корисници кои немаат никаква реална економска оправданост, вклучително и кон лица кои, верувале или не, се регистрирани како приматели на социјална помош во Аргентина.

Извор: https://www.lanacion.com.ar/ {El 3 de octubre de 2023, en la cuenta de TourProdEnter del Bank of America ingresó una transferencia de US$317.868 de Socios Technologies}
Тајни сослушувања и вмешаност на луѓе на Милеј

Дека работата е крајно сериозна покажува фактот што ФБИ веќе започна со тајни сослушувања. Бизнисменот Гиљермо Тофони, кој претходно поднесе пријави против раководството на АФА за измами, минатата недела бил детално испрашуван повеќе од три часа преку видео-врска од агенти лоцирани во Вашингтон и Мајами.

Она што дополнително ја вжештува ситуацијата е најавата дека американските власти планираат да повикаат и поранешни функционери од владата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј. Овие лица наводно имале директен пристап до чувствителни информации за матните операции на АФА и би можеле да бидат клучни сведоци во разоткривањето на оваа масивна мрежа.

Каде што има чад, има и оган. Останува да видиме дали овој „чаршиски муабет“ ќе заврши со директни апсења и формални обвиненија кои трајно ќе го нарушат угледот на светскиот фудбалски првак.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено