Кванса суспендиран на два меча, ФИФА не им „попушти“ на Англичаните како на САД

 

Објавено:

Англиската фудбалска репрезентација се соочува со сериозен дефанзивен проблем во пресрет на клучните битки во завршницата на Светското првенство. Дефанзивецот Џарел Кванса доби суспензија од два натпревари од страна на независната Дисциплинска комисија на ФИФА поради црвениот картон заработен на осминафиналниот дуел против Мексико. Оваа одлука значи дека младиот дефанзивец дефинитивно ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар против Норвешка во Мајами, но и евентуалното полуфинале доколку Англија обезбеди пласман во следната фаза.

Дваесет и тригодишниот Кванса, кој има одлична сезона во Бајер Леверкузен, ги започна како стартер последните два натпревари за својата селекција на позицијата десен бек, пополнувајќи ја празнината по повредата на Рис Џејмс. Неговото исклучување на почетокот на второто полувреме против Мексико сега го остава стручниот штаб во незавидна позиција. Со оглед на тоа што Џејмс веќе пропушти три натпревари поради проблеми со задната ложа, Џед Спенс останува единствениот целосно фит природен десен бек во англискиот тим за претстојниот дуел со Норвежаните.

ФА реагираше на пропуст во ВАР протоколот

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) беше силно вклучена во целиот процес околу одредувањето на казната, обидувајќи се да издејствува поблага санкција. Англичаните пред комисијата потенцираа дека ВАР протоколот не бил правилно проследен за време на инцидентот. Имено, на главниот судија на теренот најпрво му била прикажана замрзната слика од контактот на Кванса со Хесус Гаљардо, наместо видео-снимка во нормална брзина, што според правилникот е задолжително за да се утврди интензитетот на стартот.

Сепак, ФИФА не предвидува можност за официјална жалба за картони на овој турнир, па Англија беше принудена да го прифати тешкиот десициплинарски удар. Франција исто така се обиде да издејствува укинување на жолтиот картон на Мајкл Олисе заработен против Парагвај, но и нивното барање беше експресно одбиено.

Очигледни дефицити на конзистентност во куќата на фудбалот

Иако самиот старт на Кванса беше означен како прегруб и насилен, оваа одлука на дисциплинците повторно ги подгреа жестоките дебати во спортската јавност околу двојните аршини на ФИФА. Ригорозноста кон англискиот дефанзивец доаѓа само неколку дена по незапаметниот скандал со американскиот напаѓач Фоларин Балогун.

Балогун, кој исто така заработи директен црвен картон во претходната фаза, доби условно одложување на казната на една година по директниот телефонски повик на Доналд Трамп до Џани Инфантино, што му овозможи да игра против Белгија. Кванса и Англија очигледно го немаа тој луксуз и претседателски третман, со што ФИФА уште еднаш покажа тотален дефицит на конзистентност и интегритет во своите дисциплински процеси.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено