Светското првенство 2026 дефинитивно се претвора во фестивал на судиски апсурди. Откако пред неколку дена ФИФА брутално ја ограби Хрватска барајќи влакно во јајцето со „снико-метар“, вечерва во Мајами на дело видовме нов мега скандал. Израмнувачкиот гол на Англија за 1-1 против Норвешка е тешко компромитиран откако топката претходно удри во телевизиски кабел!
Технологијата (не) работи само за фаворитите?
Пред Џуд Белингем да го постигне израмнувачкиот гол во судиското продолжение од првото полувреме, видео-снимките јасно покажуваат дека топката удрила во дебелиот кабел од надземната камера (Spidercam). Според фудбалските правила, доколку топката удри во надворешен објект за време на играта, истата мора веднаш да биде прекината и да се досуди спуштена топка.
Норвешките фудбалери веднаш го забележаа инцидентот и бурно протестираа кај главниот судија Клеман Турпан, но Французинот остана нем и покажа кон центарот.
England’s goal was a result of the ball hitting the camera cable
by u/handlit33 in soccer
Но, вистинското прашање кое ја тресе јавноста вечерва е – каде е ВАР собата? Уште поважно, каде исчезна славната технологија и сензорот во топката кој до пред неколку дена детектираше микро-контакт со влакно од коса на хрватскиот напаѓач Игор Матановиќ? Како е можно најскапата технологија во историјата на спортот да не регистрира удар во метален/гумен кабел сред воздух? 🤡

Интернет заедницата грми: „Кабелот на Божјата рака“
Социјалните мрежи и фудбалските форуми веднаш експлодираа од гнев и сарказам. На најголемата платформа за дискусии Reddit, фановите веќе иронично го крстија овој инцидент „Кабелот на Божјата рака“ (Cable of God). Корисниците со неверување прашуваат: „Која е поентата на ВАР и сензорите ако не можат да го видат ова?“
Според сите параметри и здравиот разум, голот на Белингем мораше да биде поништен. Ние како Спортска Станица, во согласност со нашиот „Вајт Пејпер“, секогаш ќе инсистираме на чист и праведен спорт кој не смее да биде компромитиран. Но, очигледно, ФИФА има свои (двојни) аршини, каде сензорите магично се гасат кога тоа им одговара на големите фаворити.



