Викендов, прекрасната Струга повторно ќе биде епицентар на спортскиот дух и здравиот начин на живот. Утре се одржува традиционалниот триатлон, настан кој секоја година станува сè помасовен и обединува натпреварувачи од сите генерации – од искусни и професионални триатлонци до најмладите спортски надежи.
Да ги бодриме сите учесници, а посебно најмладите херои!
Спортска Станица упатува отворен повик до сите граѓани, гости и посетители на Струга – излезете надвор, заземете ги своите места покрај патеката и дадете им ја неопходната поддршка на сите натпреварувачи, а особено на децата кои се вистински мали херои!
Да се натпреваруваш во три исклучително напорни дисциплини (пливање, возење велосипед и трчање) бара огромна енергија, издржливост и спортски инает. Вашето навивање претставува мотив плус тие да не се откажат и со крената глава да стигнат до целта. Дојдете да ги бодриме сите учесници, да се радуваме на нивните успеси и да им покажеме на најмладите дека нивниот труд максимално се цени и вреднува.

Потсетување на приказната зад триатлонот
Зад еден ваков голем настан стои огромна логистика, неисцрпен ентузијазам и безрезервна љубов кон спортот. За да се долови вистинската магија на триатлонот и сето она што се случува зад кулисите, вреди да се навратиме на почетоците и визијата на луѓето кои го прават ова возможно.
Затоа, ве покануваме да се потсетите на нашиот детален разговор со организаторите. Дознајте повеќе за предизвиците, убавините на организацијата и главната цел на овој настан преку нашето ексклузивно интервју кое го направивме минатата година на овој линк:
Во меѓувреме, погледнете како ние си поминавме минатата година на овој прекрасен настан крај езерото. Се гледаме утре во Струга – нека победи спортскиот дух!



