Ѓоковиќ: Социјалните медиуми прават притисок врз спортистите

 

Објавено:

Во разговор со новинарот на Спорт Клуб, Саша Озмо, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри што мисли дека е причината за зголемениот притисок кај тенисерите во денешно време кои често се свртуваат и кон антидепресивите.

Оваа година на Вимблдон и Александер Зверев после поразот на престижниот турнир истакна дека има проблеми со менталното здравје и дека чувствува сè поголем притисок на големите турнири, а Ноле му ја изрази својата поддршка и му понуди помош.

“Прво нешто што ми паѓа на памет се социјалните медиуми кои се екстремно присутни и во огромен дел влијаат на расположението и дневниот ритам на спортистите, особено на оние помладите, но и на постарите. Сите се на социјалните мрежи, па тие си ги земаат при срце коментарите, што некој искуцал зад тастатура или телефон… а, тоа боли. Не е тривијално. Тоа е нешто за кое мора сериозно да почнеме да разговараме”, истакна Ѓоковиќ.

Извор: https://x.com/DjokerNole

Тој смета дека за прераното “прегорување” виновни се и неколку други фактори: “Според моето мислење децата се туркаат прерано во нешто што е строг професионализам, уште пред да развијат емотивна интелигенција, што е дел од психолошката подготовка за животот. Кога ќе биде забележан одреден талент, сите ги форсираат кон професионализам – само играј, играј, играј. Потоа стапуваат агентите на сцена, оние со интерес за успехот на спортистот, па го форсираат играчот да игра најмногу што може, за тие да заработат најмногу што можат. Тоа е еден суров круг во кој играчот може да се изгуби и силно да влијае на неговата физичка подготвеност и начинот на кој го живее животот”.

Ноле важи за еден од светските тенисери кој отворено зборува за психологијата и животните аспекти, а смета дека покрај сето ова, важен фактор е и пренатрупаниот распоред на тенисерите.

“Тенисот има најдолга сезона од сите глобални спортови. За оние кои го играат целосниот распоред, сезоната трае од 1-ви јануари до доцна во Ноември. И другите спортови сега имаат повеќе натпреварувања од претходно, но тенисот е индивидуален спорт – нема замени, нема ‘денес не се чувствувам добро, може ли да ме замените за да се одморам 5 минути’… Тука, секој поен е важен, секој ден значи. Ако сакаш да стигнеш на највисоко ниво, мора да го трансформираш целиот свој живот во служба на тенисот и спортот. Се губиш себе си. За некои тоа е преголем залак”, истакнува Ноле.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено