12.8 C
Skopje

“Драг фудбалу…”: Легендарниот Иван Ракитиќ стави крај на кариерата!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најголемите хрватски фудбалери на сите времиња и клучен дел од генерацијата што го освои светското сребро, Иван Ракитиќ (37), денес и официјално стави крај на својата блескава фудбалска кариера.

Своето збогување го објави на Инстаграм со емотивна порака: “Драг фудбалу, имам едно посебно писмо за тебе…”, придружено со видео кое ја доловува неговата богата и успешна играчка приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Rakitic (@ivanrakitic)

Последната сезона во саканиот дрес

Ракитиќ одлучи да го заврши својот фудбалски пат во дресот на Хајдук Сплит, исполнувајќи ја долгогодишната желба на навивачите. Иако одигра само една сезона, тој остави значаен белег, забележувајќи 39 официјални натпревари, на кои постигна два гола и запиша пет асистенции.

Од Хајдук се простија од својот играч со порака: “Горди сме што Иван одлучи токму во нашиот клуб да го заврши својот фудбалски пат, оставајќи дел од својата големина и искуство во Хајдук. Од денес, Иван започнува ново животно и професионално поглавје. Му посакуваме да постигне подеднакво, ако не и поголем успех од оној што го имаше како играч”.

Кариера исполнета со трофеи

Ракитиќ се пензионира како еден од најтрофејните хрватски фудбалери. Врвот на неговата кариера беше освојувањето на Лигата на шампионите со Барселона во 2015 година. Со каталонскиот гигант освои и четири титули во Ла Лига, четири Купа на Кралот и Светско клупско првенство.

Посебна е и неговата приказна со Севиља, клуб каде што стана легенда и капитен, и со кој двапати ја освои Лигата на Европа. Во својата колекција има и Куп на Швајцарија со Базел и Куп на Германија со Шалке 04.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sevilla FC (@sevillafc)


Секако, најголемиот успех со репрезентацијата е освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија во 2018 година, каде што беше незаменлив дел од средниот ред.

Во својата блескава кариера одигра 323 натпревари за Севиља, 310 за Барселона и повеќе од 100 за Шалке 04, оставајќи трага каде и да играше.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено