Првиот носител Александар Зверев без поголеми проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на УС Опен, откако во три сета (6-2, 6-2, 7-6) го совлада 21-виот носител, Италијанецот Лучијано Дардери. Актуелниот шампион на Ролан Гарос покажува дека формата му оди во нагорна линија со секој изминат натпревар, а следен предизвик на патот кон титулата ќе му биде неносителот Ботик ван де Зандшулп.
Невообичаено рана завршница за „Маратонецот“
Зверев мина речиси 12 часа на теренот во првите три кола, стекнувајќи репутација на играч кој ги завршува мечевите длабоко во ноќта. Но, овој пат на стадионот „Артур Еш“, Германецот беше брз и прецизен, добивајќи ги првите два сета за нешто повеќе од еден час игра, препуштајќи му само четири гема на противникот.
„Искрено, не знам што да правам со себе бидејќи сè уште не е полноќ. Можеби ќе се вратам на тренинг теренот, можеби ќе одам во бар… Не знам сè уште. За жал, ова беше само шега, опуштете се“, изјави насмеаниот Зверев по мечот, алудирајќи на неговите вообичаени доцни завршници.

Кафе за Дардери и вистинска драма во третиот сет
Ако првите два сета беа целосна доминација на Зверев, третиот понуди вистински спектакл. Дардери во еден момент дури и се напи кафе на клупата, по што Италијанецот како да се разбуди. Почна да трча низ целиот терен, го пронајде првиот сервис и избори тај-брејк. Колку беше исцрпувачки овој сет говори и фактот што само 11-тиот гем траеше повеќе од 11 минути.
„Ретко гледам некој да ја удира топката толку силно и константно како што тоа го правеше тој во третиот сет. Морам да му оддадам признание, навистина ми ја отежна работата“, призна Зверев, кој сепак со 13 асови и 72% успешност на првиот сервис не дозволи изненадување.
„Го изнајмив теренот од 11 навечер до 2 по полноќ“
Видно расположен по пласманот во четвртфиналето (негово четврто на Грен слем турнирите оваа година), Зверев даде уште една хит-изјава поврзана со неговите ноќни настапи на најголемиот тениски стадион во светот.
„Знаете како играчите понекогаш велат ‘Ова е мој терен’ кога ќе освојат добар поен? Ова воопшто не е мој терен. Роџер Федерер победил тука 78 пати, Пит Сампрас 112 пати. Но, се чувствувам како да сум го изнајмил теренов во термин од 11 навечер до 2 по полноќ овие две недели, па се надевам дека ќе продолжат да ме ставаат да играм во исто време“, низ смеа заклучи германскиот ас.



