6.8 C
Skopje

Барса го продолжи договорот со Шчесни – ветеранoт останува до 2027!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Војчех Шчесни и Барселона постигнаа договор – искусниот голман ќе остане на Камп Ноу до јуни 2027 година.

Полјакот дојде сосема неочекувано минатата есен, кога Марк Тер Штеген заработи долготрајна повреда, а Барса итно бараше решение. Иако се имаше пензионирано само неколку месеци претходно, Шчесни ја прифати понудата и покажа дека сè уште е меѓу најдобрите европски голмани.

На 30 натпревари сезонава, Шчесни има 14 чисти мрежи, а Барселона нема ниту еден пораз во Ла Лига кога тој е меѓу стативите. Неговото искуство беше огромна поддршка за тренерот Ханси Флик, особено во млада и неискусна екипа.

Шчесни е добро познато име во европскиот фудбал – по заминувањето од Варшава на само 16 години, настапуваше за Арсенал, Рома и Јувентус. Иако се повлече во август 2024 година, Барса успеа да го убеди да се врати, а тој возврати со клучни одбрани и сигурност на голот.

Со освоеното домашно тројно крунисување сезонава, Полјакот веќе има 14 трофеи во кариерата, над 500 официјални настапи, од кои 83 во Лигата на шампиони – последните осум во дресот на Барселона. Сега, со новиот договор, се отвора шанса таа бројка уште да расте.

Барселона го обезбеди еден од најискусните голмани во Европа за уште две сезони.

Извор: https://www.fcbarcelona.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено