KEEPER CLASH 600: Виљареал Мастерс најави нов натпреварувачки концепт за млади голмани

 

Објавено:

Фудбалската академија Виљареал Мастерс го најави одржувањето на KEEPER CLASH 600, иновативен натпреварувачко-развоен настан наменет за млади голмани на возраст од 8 до 14 години. Настанот е закажан за 17 октомври 2026 година и има за цел да понуди поинаков тип на вреднување на голманските вештини во државата.

Шест дисциплини во потрага по најкомплетниот голман

За разлика од класичните турнири, овој концепт не тестира само една изолирана вештина. Натпреварувачите ќе минат низ шест различни дисциплини, кои ги опфаќаат техничките, физичките, тактичките и менталните способности на модерната голманска игра (игра со нога, дистрибуција, реакција, одбрана и донесување одлуки).

Секоја дисциплина носи максимум 100 поени, што значи дека највисокиот можен резултат изнесува 600 поени. Целта на организаторот не е да се избере голман кој е најдобар во само еден сегмент, туку да се открие најкомплетниот млад чувар на мрежата кој ќе покаже најголема стабилност низ сите предизвици. По завршувањето на сите фази, се формира генералниот пласман и се прогласува еден апсолутен победник.

Настанот е отворен за сите клубови и академии

Од Виљареал Мастерс информираат дека натпреварот е целосно отворен за сите голмани, без разлика од кој матичен клуб, школа или академија доаѓаат. Отворениот повик важи за сите таленти од Македонија, како и од поширокиот регион.

Натпреварувањето ќе биде поделено во три возрасни категории:

  • U9 – U10 (генерации 2017 – 2018)
  • U11 – U12 (генерации 2015 – 2016)
  • U13 – U14 (генерации 2013 – 2014)

Покрај признанието за апсолутниот победник на целиот настан, предвидено е прогласување и на најдобрите во секоја од трите поединечни категории. Пријавувањето за настанот е веќе во тек преку официјалните канали на академијата.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено