Ди Марија официјално се врати онаму каде што започна сè

 

Објавено:

Кога Анхел ди Марија ја започна својата кариера токму во Росарио, Аргентина, не ни очекувал каков глобален успех ќе постигне оттаму. А, сега после толку години, тој се врати токму таму каде што започна сè.

Аргентинската фудбалска легенда се прости од европскиот фудбал со Светското клупско првенство, каде неговиот дотогашен клуб Бенфика стигна до осминафиналето каде изгуби од Челси.

Извор: https://x.com/brfootball

Сега, тој ќе ја заврши својата кариера дома, во клубот Росарио Централ. 37 годишниот фудбалер имаше импресивна кариера во Европа која траеше цели 18 години, а меѓу клубовите во кои играше беа Бенфика, Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус.

Тој вчера беше официјално претставен како играч на Росарио, а Ди Марија беше емотивен за неговото враќање во клубот од детството.

Извор: https://x.com/brfootball
Извор: https://x.com/brfootball
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено