Кралот на празните фрази, реакцијата на социјалните мрежи по интервјуто на Спалети

 

Објавено:

Искусниот Лучијано Спалети отвори ново поглавје во својата богата кариера, а за да го одбележи моментот, одлучи да даде интервју за торински „Tuttosport“. Но, наместо стандардните фудбалски клишеа, тој се обиде да биде длабок филозоф, што веднаш предизвика лавина од сеир на социјалните мрежи.

„Мајстор за Supercazzole“

Во своето долго излагање каде истакна дека во Торино се чувствува „среќен и слободен, со чувство на радост и одговорност“, Спалети направи епска и крајно збунувачка компарација на сите негови досегашни елитни работни места.

„Во Рома тренирав навивачка база, во Наполи тренираш град. Во Интер тренираш традиција, со репрезентацијата на Италија – нација. Во Јувентус, сепак тренираш менталитет, тоа е историјата на фудбалот“, изјави Италијанецот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Иако можеби звучи како цитат подготвен за мотивациски постер, фудбалските фанови веднаш го препознаа како класично празно филозофирање. Италијанците дури имаат и совршен термин за ваквите поетски испади „supercazzole“, што означува артикулирани, комплицирани фрази кои на крајот не значат апсолутно ништо.

„Италијанскиот Роберто Мартинез“

Коментарите под објавата се вистинска комедија, докажувајќи дека модерните навивачи не паѓаат на празна реторика. Голем дел од нив масовно го споредуваат Спалети со Роберто Мартинез, уште еден стручњак познат по слични безначајни ПР-есеи.

Најпопуларните реакции варираат од култната филмска реплика „Не знаеме што значи ова, ама е провокативно и ја пали масата“, преку иронични прашања како „Што воопшто значи ова бе, Коби Брајант?“, па сè до констатацијата дека „ова изгледа како есеј каде мораш да ја исполниш квотата на зборови“.

Останува да видиме дали овој апстрактен „менталитет“ кој Спалети го тренира во Торино навистина ќе донесе трофеи, или ќе послужи само како неисцрпен извор на материјал за фудбалските тролови низ светот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено