Важни информации за навивачите пред вечерашниот ракометен спектакл во „Јане Сандански“

 

Објавено:

Вечерва Скопје повторно ќе дише за ракометот. Македонскиот шампион РК Вардар 1961 го пречекува полскиот гигант Орлен Висла Плоцк во уште една европска ноќ од ЕХФ Лигата на шампионите.

Натпреварот започнува во 20:45 часот, а атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ се очекува да биде пеколна. Клубот ги повика навивачите да ја наполнат салата и да дадат максимална поддршка за „црвено-црните“, водени од мотото „За љубовта наша голема!“.

Важно известување! Специјален влез за дел од блоковите

Со цел да се избегне големиот метеж пред вратите и да се овозможи побрз влез, од клубот информираат дека ќе биде отворен дополнителен влез од страната на главниот паркинг.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Гледачите кои имаат билети за блоковите 4, 5, 6, 7 и 8 задолжително треба да го користат овој нов влез. Останатите навивачи ќе влегуваат преку стандардниот главен влез во салата, согласно ознаките на нивните билети.

Раководството на Вардар апелира до сите фанови да пристигнат навреме, најдоцна до 20:30 часот, за да се сместат пред почетокот на првиот судиски свиреж.

Билети, ТВ пренос и навивачка фото-зона

За оние кои сè уште немаат обезбедено билет, продажбата се одвива онлајн преку мрежата на vtickets.mk (по цени од 400 до 600 денари), како и во фан-шопот во самата сала кој работи до 18:00 часот. За фановите кои нема да можат да присуствуваат во салата, ТВ преносот во живо е обезбеден на каналот Арена Премиум 5.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Дополнително, клубот ја продолжува акцијата за навивачите. Сите присутни ќе имаат можност да се фотографираат на специјалниот „Photo Booth“ и веднаш да ја преземат својата фотографија преку QR-код, користејќи го хаштагот #ЉубовтаНашаГолема.

Вардарци, време е за полна сала и срце на терен!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено