Можеби на почетокот на Светското клупско првенство сите очекуваа вакво европско дерби во полуфиналето, но најверојатно никој не очекуваше ваков резултат за само едно полувреме.
Имено, ПСЖ со тотална доминација водат со 3:0 во првите 45 минути од првото полувреме против Реал Мадрид.
Кралевите беа шокирани уште на самиот старт кога за само 9 минути примија два гола, еден на Фабијан Руиз во 6′ и еден на Дембеле во 9′ минута. За шокот кај Шпанците и нивните навивачи на трибините да биде уште поголем, Руиз успеа повторно да ја погоди мрежата во 24′ минута.
Останува прашањето дали “Кралевите” може да дојдат до тотален пресврт во второто полувреме и до посакуваното финале каде би се сретнале со Челси? Останува да видиме, а до тогаш погледнете ги најдобрите моменти од првото полувреме…



