Лион се спасија, ќе останат во Првата лига!

 

Објавено:

Олимпик Лион сепак се спасија од испаѓање во Втората француска лига, откако апелациониот суд ја прифати жалбата на клубот, кој во меѓувреме се обиде да ги обезбеди потребните финансиски средства.

После ревизијата на регулаторното тело (ДНЦГ), бил прифатен новиот финансиски план на клубот според кој ќе бидат инјектирани 100 милиони евра, со дополнителни 100 милиони евра кои ќе бидат обезбедени како гаранција.

Првично клубот беше исклучен од Првата лига поради долг кој достигнал 541 милиони евра, но клубот не успеа на време да ја обезбеди потребната гаранција од 50 милиони евра која му беше побарана.

Во моментите пред повторната ревизија која беше побарана врз основа на жалбата, ривалите на Лион, клубот на ПСЖ им помогнаа откако понудија да ја исплатат предвреме целосната сума од 45+5 милиони евра за Бредли Баркола, што според договорот требало да ја исплаќаат во текот на неколку сезони.

Очигледно сопственикот на клубот, Џон Текстор успеал да направи стратешки маневри, а со ова го доведе во прашање влезот на Кристал Палас во Лига Европа, каде што исто така има сопственички удел.

Имено, УЕФА забранува контрола врз клубови кои се во исто натпреварување, па со ова потенцијално ќе се загрози местото на Кристал Палас во ова натпреварување, со што клубот ќе биде префрлен во Конференциската европска лига.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено