Во пресрет на Европскиот младински олимписки фестивал, денес беше официјално објавена и химната на настанот, насловена “Together We Shine” (“Заедно блескаме”). Музиката и аранжманот се дело на познатиот композитор Роберт Билбилов, додека текстот го напишаа Димитар Атанасовски, Сара Мејс и Љупка Андоновска.
Моќната порака за единство, тимска работа и страст ја изведуваат познати имиња од македонската музичка сцена: Лара Иванова, Young Dadi, Александар Тарабунов и Сара Мејс.
Химната е уште еден важен чекор во финалните подготовки за еден од најголемите спортски настани во историјата на Македонија, кој ќе ги собере најдобрите млади спортисти од целиот континент.
Во продолжение, слушнете ја химната и погледнете го официјалното видео:



