Пред неколку дена светот на Формула 1 беше изненаден од потегот на Ред Бул да го отпуштат својот менаџер Кристијан Хорнер после цели 20 години соработка, која го одбележа издигнувањето на компанијата од производител на енергетски пијалок до моќна сила во елитното друштво на Ф1.
Вчера од тркачкиот тим на Ред Бул, го претставија човекот кој ќе го замени во улогата на менаџер, Лорен Мекиес.
Мекиес е познат во светот на мотоспортот. Тој има кариера долга 24 години, која започнала во тимот на “Arrows” во 2001 година, преку “Minardi” и “Toro Rosso”, а можеби највпечатлив беше во улогата на заменик менаџер во Ферари.

Лорен беше во Ферари од 2018 до 2023 година, време кој беше вистински предизвик за тимот, особено во 2020 година кога ФИА го истражуваше моторот на болидот што можеби ги чинеше таа година и титула. Ова може да е важно за Ред Бул од аспект на неговото искуство со регулативите, па може да помогне во транзицијата на тимот кон новите болиди во 2026 година.
Една од неговите можеби најинтересни улоги во светот на Формула 1, беше како директор за безбедност на ФИА, во периодот од 2014 до 2017 година, кога беше претставено халото како безбедност на болидите, нешто што во годините подоцна се покажа како многу добра одлука и причина за избегнување на многу сериозни повреди кај шоферите.
Интересно ќе биде да видиме како ќе се снајде во новата улога во Ред Бул, за кој и самиот вели дека ја добил “неочекувано”…
“It’s great to be here” Welcome to the Team, Laurent pic.twitter.com/KBnGXLt5YH
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) July 10, 2025



