Милан и официјално се збогуваа од Тео Хернандез

 

Објавено:

Пред неколку денови започнаа гласините дека Тео Хернандез го напушта Милан после шест години, а сега тие гласини беа потврдени од неговиот клуб.

Тие објавија видео на социјалните мрежи за да му се заблагодарат на Тео за изминатите години и незаборавните заеднички моменти.

Трансферот во Ал Хилал вчера беше потврден и од клубот, а Тео ќе се обиде да му помогне на италијанскиот стратег Симоне Инѕаги во неговата визија за градење на моќен состав кој ќе парира на светските големи клубови.

Трансферот на Хернандез, вреден 25 милиони евра, се финализирал во текот на вчерашниот ден, а наскоро тој ќе се приклучи на новиот клуб во Саудиска Арабија.

Тео беше клучен играч во одбраната на Милан во изминативе шест години, за кои одигра 262 натпревари, со постигнати 34 голови и обезбедени 45 асистенции.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено