10.8 C
Skopje

Тотенхем со два трансфери за 24 часа, Кудус и Гибс-Вајт

Објавено:

Англискиот клуб Тотенхем потроши повеќе од 130 милиони евра за 24 часа, комплетирајќи ги трансферите на Мохамед Кудус и Морган Гибс-Вајт.

Трансферот на Кудус од Вест Хем Јунајтед кој чинеше околу 63 милиони евра беше официјално објавен вчера од страна на клубот, а тие му посакаа топло добредојде на новиот играч и на социјалните мрежи.

Извор: https://x.com/SpursOfficial

И покрај интересот од другите клубови, Кудус се одлучил за Тотенхем со кој потпиша 6 годишен договор: “Отсекогаш сум сакал да играм на највисоко ниво. Пресудни ми беа големината на клубот, неговата историја и секако, голем момент е Лигата на шампионите. Конечно сум тука, многу сум среќен и сум подготвен за новиот почеток”.

За трансферот пак на Морган Гибс-Вајт сè уште се чека официјалната најава од страна на клубот, но според фудбалскиот познавач Фабрицио Романо, неговото доаѓање во Тотенхем е веќе завршена работа.

Клубот за него ќе плати 70 милиони евра, откако беше активирана клаузулата за раскинување на неговиот договор со Нотингем Форест.

Ова е дел од стратегијата за зајакнување на клубот од новиот тренер Томас Франк, кој изјави дека има визија да го спои младиот талент со искуството во Премиер лигата.

Првиот тест за новиот стратег ќе биде мечот против силните ПСЖ, во УЕФА Супер купот, на 13 август.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено