Синер убедливо против Ѓоковиќ со победа за прво финале

 

Објавено:

Светскиот тенисер Јаник Синер денес со убедлива победа над седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, го обезбеди своето прво финале на престижниот турнир.

Ѓоковиќ кој не играше во свој елемент не можеше да го следи јакото темпо на Синер, а најверојатно причината за тоа е повредата на коленото со која се здоби на претходниот натпревар. Синер со одличен сервис и игра стигна до посакуваното прво финале во својата кариера на Вимблдон, а резултатот на крајот на мечот беше 6-3, 6-3, 6-4 во сетови.

“Не можам да верувам, ова е турнир кој го гледав уште од кога бев дете. Знам колку труд вложивме со мојот тим во ова и многу ни значи”, изјави Јаник после натпреварот.

Публиката со аплауз го поздрави Ноле кој на овој легендарен терен има победено дури седум пати, а Јаник имаше само пофални зборови за својот ривал денес.

 


Во однос на квалитетот на игра кој го прикажа со ривал како Ѓоковиќ од спротивната страна, Јаник изјави: “Пред пет години кога дојдов прв пат на оваа подлога не знаев да се движам добро на неа, но сето тоа е процес. Јас и мојот тим работевме многу за да се подобриме. Ќе продолжам и понатаму да работам многу. Ова е неверојатно”.

Потоа, следуваше неизбежното прашање за што може да очекуваме во финалето.

“Знаеш што те чека – Карлос Алкараз, што може да очекуваме?”

“Не знам, видовме во последното финале дека никогаш не може да знаете, но многу ми е мило што ќе го делам теренот со Карлос, тој секогаш ме тера да го дадам максимумот од себе. Знам дека ќе уживам во мечот, а се надевам дека ќе уживате и вие исто”, заклучи Синер.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено