14.8 C
Skopje

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После денешниот пораз на полуфиналето на престижниот тениски турнир Вимблдон, Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес.

“Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега… Стигнав до полуфиналето на секој голем турнир годинава. Морам да играм против Синер или Алкараз… Се чувствувам како да влегувам во мечевите со полу празен резервоар”, изјави Ноле.

На прашањето на новинарите дали смета дека нема среќа во големите моменти оваа сезона и дали тоа прави уште потешко, тој искрено одговори: “Не мислам дека станува збор за лоша среќа. Едноставно тоа се годините. Истрошеноста на телото. Колку и да се грижам за себе, реалноста е дека годините се во прашање. Тешко ми е да го прифатам тоа бидејќи кога се чувствувам свеж и во форма мислам дека сè уште можам да изиграм добро. Тоа го докажав и изминатава година. Но, играњето во врвот на турнирите оваа година беше особен предизвик за мене физички. Колку подолго трае турнирот, толку полоша станува ситуацијата”.

Извор: https://x.com/TheTennisLetter

Ноле и покрај тоа што има 38 години, сè уште игра врвен тенис, а достигнувањето на полуфиналето на турнир како Вимболдон, кој навистина бара врвна физичка подготвеност го покажува тоа. Но, тој е искрен дека физички не може да се споредува со далеку помладите тенисери како Карлос Алкараз или Јаник Синер кој во моментов се во топ форма.

“Овие момци се физички подготвени, млади и остри. Кога се чувствувате дека влегувате со половина енергија во мечот, едноставно е невозможно да го победите. Тоа е што е. Тоа се некои од работите кои мора да ги прифатите и да се помирите со нив на некој начин. Да се справите со реалноста каква што е и да се обидете да извлечете најмногу од тоа”.

Но, Ѓоковиќ истакна дека ова не е последен пат како го гледаме да игра на тревниот терен каде има освоено дури седум шампионски титули.

“Не планирам да ја завршам мојата кариера на Вимблдон денес. Дефинитивно планирам да се вратам и да одиграм барем уште еднаш”, изјави популарниот српски тенисер.

Извор: https://x.com/TheTennisLetter

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено