На емотивна комеморација за Диого Жота и неговиот брат Андре, која се одржа денес на Енфилд, фудбалскиот клуб на прерано починатиот фудбалер официјално го повлече дресот со неговиот број 20.
“Ти засекогаш ќе бидеш нашата 20-ка”, напишаа од клубот покрај емотивното видео кое го објавија на социјалните мрежи на кое се гледаат илјадниците дресови, шалчиња и други предмети кои фановите ги оставаа изминатиот период во негова чест.
“Кога ќе оствариш еден сон, отвораш нова фаза, ново ниво, нов чекор. И кога дојдов во Ливерпул, знаев дека тоа е возможно. И самиот бев навивач, а како навивач сакате да видите играч кој се бори за клубот, за амблемот. Со мене знаат дека ќе го имаат она што е потребно кога се претставува Ливерпул. И исто така, песната за мене беше нешто навистина убаво. На сите им се допадна уште од моментот кога излезе. Да, тоа ме прави горд”, се слуша како раскажува гласот на Жота за што претставувал Ливерпул за него.
Forever our number 20… pic.twitter.com/SKrbd8CMgE
— Liverpool FC (@LFC) July 11, 2025
На комеморацијата присуствуваа семејството на Диого и Андре, соиграчите и членовите на тимот на Ливерпул. Тие пред Енфилд го посетија местото каде илајдници фанови оддаваат почит на фудбалерите кои несреќно ги загубија животите во сообраќајната несреќа во Шпанија.
Од клубот најавија дека комеморативните настани и оддавањето на почит за браќата ќе продолжи и во наредниот период, како и на натпреварот кој ќе го одиграат со Престон Норт Енд.
For Diogo and Andre pic.twitter.com/5tMDOnDwxV
— Liverpool FC (@LFC) July 11, 2025


