Откако станаа миленици на светската фудбалска сцена со нивната пожртвуваност, борбеност, љубов кон тимот и блиската врска со навивачите, фудбалерите на шпанскиот клуб Реал Овиедо ни станаа една од омилените спортски теми за кои со задоволство пишуваме.
Сега нивниот клуб објави нова химна во пресрет на 100 годишнината од основањето на клубот која повторно ја исполнува пејачот Меленди, кој и самиот е посветен навивач на клубот.
Неговата претходна песна “Ќе се вратиме” беше неофицијална химна на клубот кој долги години се обидуваше да се врати во Ла Лига, а откако оваа година тоа конечно им успеа, самиот пејач изјави дека се надева дека неговата песна повеќе никогаш нема да биде испеана.
Па, некако природно дојде тој да ја изведува и новата химна на клубот, нешто што овој пат прикажува како навивачите на Реал Овиедо растат со љубов кон клубот уште од мали нозе и како тоа за нив не е само фудбалски клуб, туку традиција која ги поврзува со генерациите пред и после нив.
Ако сакате да ја прочитате нашата приказна за претходната химна, која и херојот на Овиедо, капитенот Санти Казорла кој се врати да игра во својот клуб од детството и кој на 40 години пожртвувано играше да ги врати во Ла Лига, им ја пееше на навивачите после големиот успех кој конечно заслужено го остварија, можете да кликнете тука.



