Италијанскиот клуб Фиорентина денес официјално го најави враќањето на Стефано Пиоли како главен тренер, откако тој имаше кратка и турбулентна кариера во клубот од Саудиска Арабија, Ал-Наср.
Во јуни од клубот објавија дека ја прекинуваат соработката со Пиоли после разочарувачката сезона, во која клубот имаше 8 победи од 14 натпревари. Неговиот однос со главната ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо беше предмет на интерес во јавноста, а многумина веруваа дека токму Португалецот беше причината за отказот на Пиоли.
Откако Пиоли го напушти клубот, самиот Роналдо го одобри доаѓањето на новиот тренер Жорже Жеус, што до некаде и ги потврдува гласините дека Ал-Наср е проект кој се гради околу нивната најголема ѕвезда.

За Пиоли ова ќе биде повторно враќање во клубот со кој има силна емотивна врска, откако тој го водеше тимот во сезоната 2017/18. Тогаш ненадејната смрт на капитенот Давиде Астори го засени успехот на тимот, а Пиоли во знак на почит дури и направи тетоважа посветена на клубот.
Неговиот најголем успех е во Серија А, на чело на Милан, кога ја освои шампионската титула во 2022 година, прекинувајќи ја сушата од 11 години на клубот.



