Ѕвездата на каталонскиот клуб Барса и “чудото од дете”, Ламин Јамал, денес го прославува својот 18 роденден. Од клубот на социјалните мрежи му го честитаа полнолетството на својот играч, кој бележи одлични резултати на терените.
Според изворите младиот фудбалер вчера го прославил својот роденден со голема забава, на која биле забранети мобилните телефони, па во јавноста сега за сега нема многу информации за кој сè присуствувал на забавата.
Наводно, Ламин ги платил трошоците за патување, сместување и храна за сите свои гости, а како што пишуваат медиумите неговата забава се смета за една од најголемите ова лето, на која биле поканети бројни славни личности.
Со свои 18 години тој веќе освои значителни успеси во својата кариера, а се надеваме дека уште долги години ќе ја гледаме неговата фудбалска магија на терените.
Happy birthday, Lamine! pic.twitter.com/KcmKVcWxUa
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 13, 2025



