Јаник Синер е новиот шампион на Вимблдон!

 

Објавено:

Јаник Синер за прв пат стана шампион на Вимблдон! После одличната игра која ја прикажа на целиот турнир, Синер стави круна на перформансот со шампионската титула.

Финалето помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер заврши со 3:1, односно 4-6, 6-4, 6-4, 6-4 во сетови. Бранителот на титулата, младиот Шпанец го отвори натпреварот со победа во првиот сет, но потоа едноставно не можеше да дојде до пресврт во завршницата.

Двајцата тенисери покажаа извонредна игра годинава, а ова финале е само најава за идните дуели кои може да ги очекуваме од нив.

Извор: https://x.com/Wimbledon

Алкараз по завршувањето на мечот изјави дека е разочаран од поразот, но дека имал одличен противник од другата страна. Тој му честиташе за играта и победата на Синер.

Ова беше стотти Гренд слем турнир за Јаник Синер, а тој го круниса настапот со трофејот кој му недостасува во низата победи во блескавата кариера.

“Сакам да се заблагодарам на мојот тим. Секој ден се обидувам да бидам подобар тенисер, но пред сè пробувам да бидам подобра личност”, изјави Синер по победата.

Принцезата Кетрин му го врачи славниот трофеј со ананас на врвот, а публиката со аплауз ги поздрави и двајцата тенисери кои ни ветуваат светла иднина во тенисот.

Извор: https://x.com/Wimbledon
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено