9.8 C
Skopje

Палмер ги замрзна ПСЖ, Жоао Педро ја запечати титулата!

Објавено:

Одличниот Кол Палмер со два извонредни, скоро идентични голови од иста ситуација, ги замрзна ПСЖ уште во првото полувреме од финалето на Светското клупско првенство.

Парижаните влегоа во финалето како фаворити со оглед на тоа што во шестте претходни натпревари на турнирот примија само еден гол, оној со кој изгубија од Ботафого во групната фаза.

Но, тие за само едно полувреме примија три голови и тоа два на Палмер во 22′ и 30′ минута и еден на Бразилецот Жоао Педро во 43′ минута, голови кои на крајот на натпреварот го дадоа и конечниот резултат од 3:0.

Извор: https://x.com/ChelseaFC

ПСЖ не успеаја да постигнат гол ниту во второто полувреме, па како што изминуваа минутите од натпреварот и можностите за стигнување на големата гол разлика, така стануваше сè повеќе јасно кој ќе биде освојувачот на титулата.

Луис Енрике едноставно не можеше да пронајде решение за одбраната на Челси, па ова е можеби најголем пораз за клубот со него на чело.

Со овој натпревар заврши Светското клупско првенство кое за прв пат се одржа во ваков проширен формат. Погледнете ги сите голови на натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено