Во вчерашното финале на престижниот тениски турнир Вимблдон, Карлос Алкараз не успеаја да ја одбрани шампионската титула од претходните две години, но тоа ниту малку не ја засени одличната игра која тој ја прикажа низ целото натпреварување во Лондон.
Младиот Шпанец по натпреварот изјави дека си заминува од Вимблдон со гордо крената глава: “Направив сè што можев денес… Едноставно играв против некој кој играше неверојатно”.
“Поразот секогаш ви прави да се чувствувате лошо. Мислам дека е дури и малку потешко кога станува збор за финале. Но, јас сум навистина горд на сè што направив во изминативе четири недели на тревата тука во Лондон. Го напуштам теренот со високо крената глава”, изјави тој на прес конференцијата за медиумите после финалниот натпревар.
Алкараз и веднаш по мечот го пофали својот ривал Јаник Синер и изјави дека се надева дека во иднина ќе играат уште многу финалиња заедно, затоа што играта меѓу нив секогаш е спектакуларна.



