По секое големо натпреварување, дебатите за тоа кој бил најдобар се неизбежни. Но, додека мислењата може да бидат субјективни, бројките и статистиката даваат една поинаква, “објективна” слика. Овојпат, реномираната страница за фудбалска статистика, WhoScored.com, го објави својот тим на првенството, базиран исклучиво на перформансите и оценките на играчите.
Според нивната детална анализа, ѕвездата на Челси, Кол Палмер, и официјално е најдобриот играч на турнирот со импресивен рејтинг од 7.78. Веднаш зад него е неговиот соиграч од Челси, крилото Педро Нето (7.72), а Мајкл Олисе од Баерн Минхен е трет со рејтинг од (7.71).
Интересно, статистичкиот тим се разликува од многу субјективни избори, што само ја зголемува дебатата.
Во продолжение, погледнете како изгледа комплетниот тим на турнирот, во формација 4-4-2, според статистичките перформанси на „WhoScored“.
View this post on Instagram
Овој тим, составен од играчи на дури осум различни клуба, нуди фасцинантен увид во тоа кој навистина доминирал на теренот, барем кога статистиката го има последниот збор.
⭐️ FIFA Club World Cup Team of the Tournament.#FIFAClubWorldCup2025 pic.twitter.com/TpvG4Kb1p0
— WhoScored (@WhoScored) July 14, 2025