6.8 C
Skopje

Трансфер “бомба”: Арсенал нуди 90 милиони евра за Родриго!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните неколку часа, од Англија пристигнува вистинска трансфер “бомба” која ги разгоре социјалните мрежи. Според еден од најверодостојните извори кога станува збор за вести поврзани со Арсенал, профилот на X (Twitter), The Red Side of London, лондонскиот клуб испратил јасна порака до Реал Мадрид за своите намери.

Како што се наведува во објавата, Арсенал го информирал Реал Мадрид дека е подготвен да плати неверојатни 78 милиони фунти (90 милиони евра) за бразилскиот репрезентативец Родриго.

Понудата е структурирана на следниот начин: 44 милиони фунти да бидат исплатени веднаш, плус две дополнителни рати од по 17 милиони фунти.

Она што е клучно во целата приказна е информацијата дека и самиот играч е отворен за ваков трансфер и дека наскоро се очекуваат конкретни преговори помеѓу двата клуба. Во истата објава се додава и дека Габриел Мартинели не е на продажба, со што се става крај на шпекулациите дека тој би можел да биде жртвуван за овој трансфер.

Доколку се реализира, ова несомнено ќе биде еден од најголемите трансфери ова лето.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено